Камионите се најголема мета на кражба според годишниот извештај за глобалните кражби на товар
Недостаток на сигурно паркирање ги става камионите на голем ризик од „сечење и грабнување“ кражби според овој извештај на BSI & TT Club.

Годишен извештај 2018 за Услуги на синџирот на снабдување BSI & Решенија & Кражба на карго на ТТ Клуб го повика вниманието на огромниот број напади врз товарни камиони низ целиот свет. Овој проблем се влошува со недостигот на сигурни и безбедни места за паркирање на камиони (SSTPA).
Во извештајот се утврдува дека камионите се најголема мета на кражби со овој модалитет кои претставуваат значајни осумдесет и четири проценти (84%) од кражбите на глобално ниво, во споредба со кражбите на магацини или објекти. Криминалците кои ги пресекуваат меките платна на камионите за да украдат стока, извршуваат дваесет и седум проценти (27%) од глобалните кражби на товар. Ваквите напади лесно можат да се случат заради недостаток на безбедни места за паркирање на камиони.
Особено во Европа, недостигот од паркинзи за камиони е најголем фактор за кражби на товар. Навистина, педесет проценти (50%) од кражбите на товар низ цела Европа се вршат преку методот „сечење и грабнување“ бидејќи камионите се принудени да паркираат во ранливите области. Големиот број платнени приколки што ги користат овие земји, исто така, ги влошува работите. Велика Британија, наводно, е најлоша земја во Европа за кражби на товар, што претставува осумдесет и шест проценти (86%) и Германија е на другиот крај на спектарот со четири проценти (4%).
BSI и ТТ Клуб исто така откриле дека иако Европа е помалку подложна на одземање (кражба) на камиони, ваквите напади најверојатно се случуваат во Италија.
Кражбата на товар е голем бизнис за криминалците; просечната вредност на кражбата е најголема во Јужна Америка со украдена стока од 77.000 американски долари, а потоа следат Европа (59.866 долари), Северна Америка (58.500 долари) и Азија (18.923 долари). Најпопуларните цели вклучуваат храна и пијалоци и алкохол и тутун со 30%.
Во извештајот се нагласува уште поголем ризик за логистичкиот сектор со тенденција за грабежи да се вклучат луѓе одвнатре или блиски до компании. Спротивно на тоа, надворешните закани се намалија во последниве години, како резултат на зголемена дополнителна безбедност.
Како што е наведено во неодамнешната студија од Европската комисија, мора да се преземат мерки за подобрување на мрежата на сигурни и безбедни места за паркирање (SSTPA) за камиони а со тоа и намалувње на кражбите.
- Кражба на товар
- Кражба на камионуи
- Сигурни и безбедни места за паркирање на камиони
- SSTPA
- Логистика
- Патен транспорт