Фротком го претставува системот за управување со возниот парк на Гала Транзит 2018
Церемонијата на доделување награди за најефикасните превозници и логистички компании во Романија секоја година се одржува од страна на магазинот Транзит. Во текот на престижниот настан, Фротком ги покажа можностите и придобивките на нашиот систем за управување со возниот парк.

Гала Транзит 2018 2018 се одржа на 1 и 2 Ноември во Клуј-Напока - Романија - на која присуствуваа над 800 професионалци од транспортната и логистичката индустрија.
Излагачи од 36 компании ги претставија своите производи и услуги. Фротком Романија ја искористи можноста да ги импресионира потенцијалните купувачи со нашите врвни иновации и развој, како што е капачето за полнење на гориво и модулот за Управување со работната сила интегриран со Garmin Fleet.
Покрај прославите и наградите за најефикасните транспортни и логистички компании во Романија, Гала конференцијата претставува можност за презентирање и дискусија за финансиската состојба на романскиот транспортен пазар (обем, профитабилност и тн.), пазарните предвидувања за следната година и главните можности за раст, како и потенцијалните надгледувања за иднината.
„Многу сме задоволни што сме поканети на оваа Гала. Особено за можноста да зборуваме директно со истакнатите гости и да имаме корист од нивните последователни изјави. Оваа Гала е шанса да се вклучиме во дискусиите и да започнеме важни преговори со претставниците на големите компании и значителни флоти“, рече Ципран Јонеску, управен директор на Фротком Романија.
Тој донесе заклучок велејќи го следново: "Бевме многу среќни да слушнеме од гостите кои ја пробаа нашата демо верзија, дека Фротком е супериорен во однос на другите системи за управување со возниот парк. Нашиот пријателски софтвер и презентираните карактеристики, сигурно го задржаа вниманието на делегатите.”
Ако сте не пропуштиле на овој настан, контактирајте не сега за да дознаете повеќе за придобивките од Фротком.
КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ
- Систем за управување со возен псрк
- Фротком
- софтвер за управување со возниот парк
- GPS систем за следење
- Фротком Романија
- Мобилна работна сила за управување
- Garmin флота
- Гала Транзит
- карактеристики
- Frotcom benefits