Можете да им се јавите на возачите? Секако! Тоа е обично и единствениот начин, особено во итни ситуации. Сепак, текстуалните пораки имаат неколку предности кога треба да пренесете информации јасно и концизно.
„Фротком“ нуди многубројни начини за комуницирање со возачите, од едноставни текстуални пораки до испорачување упатства за работата.
Со каналите за текстуални пораки на „фротком“ може и да изберете неколку возачи истовремено и да им испратите на сите иста порака.
Ако е во согласност со политиката на фирмата, со системот за испраќање пораки „фротком“ возачите може да разменуваат пораки меѓусебно, а тоа може да биде корисно кога соработката меѓу возачите може да ги реши проблемите.
Во зависност од вашите цели, може да изберете еден или повеќе текстуални комуникациски канали:
Интегрирана навигација
Во овој случај, текстуалните пораки се праќаат од канцеларијата до навигациски уреди во возилата. Возачите ги користат овие уреди и за да праќаат текстуални пораки до канцеларијата или меѓусебно (ако тоа го дозволува фирмата).
Покрај текстуалните пораки и навигацијата со мапи, се користат и навигатори во возилото за испраќање на дестинации на возачите, како и соодветни упатства.
Апликација за возачи
Модулот Конверзација на Апликацијата за возачи ви обезбедува околина лесна за употреба за да останете во контакт со вашите возачи бидејќи им овозможува да комуницираат и со канцеларијата и со другите возачи.
Управување со работната сила
Во овој случај, текстуалните пораки се испраќаат од канцеларијата до табличните уреди со „андроид“ во возилата. Возачите ги користат за навигација, за да примаат известувања од канцеларијата за работата што треба да се изврши, како и за да ја известуваат канцеларијата за напредувањето на услугите што ги извршуваат.
Два алтернативни метода
Алтернативно, може да изберете да користите еден од следниве канали: a) СМС-пораки испратени од „фротком“ и пристигнати до мобилите телефони на возачите; б) пораки по е-пошта, исто така испратени од канцеларијата и пристигнати до паметните телефони на возачите преку е-пошта. Во двата случаја, возачите може да испратат одговор до канцеларијата преку истите канали.
Изберете ги во „фротком“ возилата или возачите на кои сакате да им испратите порака. Може да напишете нова порака или да изберете една од вашите најчести пораки. Испратете ја! Готово. Ќе добиете известување кога ќе пристигне пораката.
Возачите може да ви одговараат на пораките и да пишуваат нови пораки. Ако вашата фирма го дозволува тоа, ќе може и меѓусебно да разменуваат текстуални пораки.
Сите влезни и излезни пораки се чуваат во „фротком“ за да се консултираат подоцна, ако има потреба.
Може да изберете пораките да ги праќате до табла-компјутерите со „андроид“, до навигациските уреди во возилата (уреди „гармин“ (Garmin), компатибилни со ФМИ-протоколот), паметните телефони, Апликација за возачи, или до едноставните телефони (СМС)
Основни карактеристики
● Во канцеларија: испраќајте текстуални пораки едноставно и брзо
● Во канцеларија: испратете една порака на повеќе возачи
● Во канцеларија: зачувајте и повторно употребувајте ги честите пораки
● Во канцеларија: добијте потврда дека вашата порака е испорачана
● Во канцеларија: добијте известување веднаш дека пристигнала нова порака
● Во возилото: одговорете на пораката или напишете нова порака
● Во возилото: испратете им текстуална порака на другите возачи (ако е дозволено)