Побарувачката за камионски простор во Европа се зголемува над достапниот капацитет
Побарувачката за камионски простор во Европа се зголемува над достапниот капацитет за прв пат.
Побарувачката за достапен товарен капацитет на европските патишта расте. Во првиот квартал од 2018 година, бројот на товарни понуди на транспортниот пазар на ЕУ беше поголем од бројот на понуди за возила во сооднос 54:46. Оваа пресметка е резултат од TimoCom тековната евалуација на пазарот на транспортен барометар, индустриски индикатор за развој на патниот сообраќај во Европа.
Во првиот квартал од минтата година, соодносот товар – возило изнесуваше 43:57. Дури и во 2016 година, соодносот во истиот период беше 30:70, со значителен вишок на слободен простор за возилото.

Индикаторите на пазарот се менуваат
“Пазарните показатели на транспортниот пазар значително се менуваат во последните три години,” изјави портпаролот на TimoCom, Гунар Гбурек. “Само пред кратко време, транспортните компании ги намалија своите маргини, денес тие можат да одберат од вишокот на барања за превоз и да одлучат за најпрофитабилната тура.”
Овој развој кореспондира со силниот раст на европскиот пазар. На пример, статистичките канцеларии на Еуростат забележаа зголемување на економските перформанси од 2,5 % и во ЕУ и во еврозоната за 2017 година, што е највисока за 10 години. Германскиот економски развој, исто така, го задржува моментумот: според информациите од Сојузниот завод за статистика, германскиот извоз се зголеми за 8,6 % во јануари 2018 година во споредба со претходната година; увозот порасна за 6,7 %.
Не постои крај на повидок на оваа голема побарувачка
“Не постои крај на повидок на оваа голема побарувачка”, вели Гбурек, земајќи го предвид предвидувањето на понатамошниот развој на пазарот. “Покрај напорите за решавање на структурните прашања, сите оние кои се вклучени во транспортот мора, повеќе од кога и да е, да се грижат да избегнат празни работи и да користат постоечки капацитети со максимална ефикасност. Кооперативниот пристап моделиран од проектот на ЕУ NexTrust е добар пример.” Целта на NexTrust е да ја поддржува соработката помеѓу компаниите за да создаде поефикасен а со тое и поеколошки транспорт.
Извор:
TimoCom
NexTrust е проект финансиран од ЕУ, кој ги спојува заедно 31 партнер за да ја поттикне соработката во логистичката индустрија. Неговата цел е да ја зголеми ефикасноста и одржливоста во европската логистика.
- TimoCom
- товарен капацитет
- Транспортен барометар
- NexTrust
- ефикасен транспорт